Два настапа со Емилијан Дивјаковски
Го свршив првиот настап со македонскиот поет Емилијан Дивјакоски и ансамблот Чалгија. Во 20 септември ќе настапиме уште веднаш во Копенхаген.
Најсетне имав чест да се сретнам со македонскиот поет Емилијан Дивјаковски. Периодот на многучасовното преведување на неговата поема Слики очигледно е завршен за мене, сега стана време на претставување на делото. Ова недела дојдов во својот роден град Копенхаген да се видам со авторот на Слики. Си го претпоставив како низок, слабичок човек, а се окажа како висок машко со фигура, која одговара подобро на античните физиологички идеали одошто на моите претрасудоци за типичен поет.
Ансамблот Чалгија со кларинетистот Бјонко Стосиќ на чело го покани Дивјаковски да дојде од својата родна Битола за да се запознае данската публика лично со тој македонски поет како врвот на данска почва на УНИЦЕФ-одобрениот проект за мир и соработка на Балканот. А бедниот Емилијан Дивјакоски потроши речиси три пати повеќе пари на патни трошоци одошто беше собрано тука во Данска за проектот во текот на оваа година.
Во кафана-книжарница Транкебар (Tranquebar) пред една публика на околу 20-мина души (вкључувајки го семејството на Бјонко и мајката на поетот) г-н Дивјаковски прочита одломци од песната Слика. Беше "синоптичко" читање — тој прочита еден одломок на македонски, потоа јас го предадов на дански, потоа пак на македонски и пак на дански. Групата Чалгија нè акомпањираше на своите балкански инструменти, а потоа даде концерт со свадбена музика во залата на Транкебар.
Во паузата се сретнав со еден од моите познати, Џонатан Шварц, пензиониран професор по антропологија од Копенхашкиот универзитет.
За жал данскиот текст, што беше за копенхашката публика, беше една стара верзија на мојот превод. Тоа ме изнервира кога што се пробавме ден пред тоа. Донекаде го поправив.
Најдобрата верзија ќе ја прослуша публиката на следната представа 20 септември 2007 год. Тоа ќе биде в 20 часот во:
Verdenskulturcenteret
Nørre Alle 7
2200 København N
Ерик Тау-Кнудсен