Повраток во Македонија
Ќе бидам пак во својата мила Македонија од 4 до 9 ноември годинава. Тие денови ќе работам како посматрач на референдумот во Македонија. Иако се гласува само за еден ден (7 ноември), ми треба уште некое време да се спремам и да се запознам со својот ареал на посматрање. Ако процедурата е како вообичаено за такви работа, јас ќе проведам ден-два во Скопје, па потоа ќе ме препратат во некоја местност, која уште не знам.
Ќе го претставам Одделот за демократични институции и човешки права
(еден дел на Организацијата за безбедност и соработка во Европа). Моите
трошкови ће ги покрие данското Министерство за односи со странство.
Немам одено во Македонија веќе 8 години. Последниот пат беше - мислам - 1996 година, когашто бев на пат за Тирана.