Татко ми умре
Татко ми Хенинг Фриис-Кнудсен почина пред шест дена, 15 септември 2005 год. Неговиот смртен кревет стоеше во интензивното отделение на копенхашката болница Ригсхоспиталет. Хенинг почина ок. 00:40 ч., и 10-минутна борба за неговиот живот беше без успев.
Последните три дена пред тоа веќе беше јасно за неговите блиски, дека е на крајот. Последниот му ден, среда 14 септември 2005 год. беше наполнет со посети на родбини и пријатели, които му доаѓаа да му се збогуваат за последен пат.
Собата на Хенинг беше полутамна, со многу цвеќиња и еден гето-бластер кој му ги свиреше неговите последно купени ЦД-иња, највеќе мека, а и апстрактна, саксофонска музика на Колтрејн, Чет Бејкер и Лестер Јонг. Татко ми лежеше мирно (сиреч, усмирено од лекови), веројатно полусвесно разбираше дека луѓето, што го сака, доаѓа да му покажат последен почит. Многу беше убаво, и тој беше права убост.
Смртта му постави крај на болки во последните 4 месеца и пол. Сигурен диагнозис на рак во белите дробови беше одреден кон крајот на јули 2005 год.
Хенинг разболи неколку недели по својот 70 роденден. Тој ја остави својата омилена Лена (од својот 33 годишен брак). Хенинг има два сина од претходен брак, од кои јас сум постар.